Двајца антиваксери од Баерн заразени со коронавирус, губат огромни пари

од Nikola Popovski

Фудбалерот на Баерн Минхен Џошуа Кимих е позитивен на коронавирус, соопшти баварскиот клуб. Покрај Кимих, претходно денеска клубот објави дека позитивен е и Ерик Максим Чупо-Мотинг, а двајцата играчи од претходно се во карантин по близок контакт со лица за кои постои сомневање дека имаат коронавирус.

Кимих во интервју минатиот месец рече дека сè уште не донел одлука дали ќе се вакцинира и изрази резервираност во однос на вакцините.

Коментарите на играчот од средниот ред предизвикаа загриженост кај здравствените експерти, во време кога процесот на вакцинација во Германија е забавен.

Минатата година, заедно со неговиот соиграч Леон Горецка, направи кампања за собирање средства за добротворни организации, за да продолжат да работат и покрај пандемијата.

Тие донираа дел од парите на УНИЦЕФ, со цел да помогнат вакцините против коронавирусот да бидат испратени во најсиромашните земји.

Информациите од Германија наведуваат дека Чупо-Мотинг и Кимих не сакаат да се вакцинираат, а се додека се на тој став, Баерн нема да смета на нив. Заедно со нив, во домашен карантин се и Мусијала, Гнабри и Кусанс, со кои се заокружува бројот на „антиваксери“ во Минхен, иако, наводно, првите двајца попуштиле и решиле да се имунизираат.

Баерн одлучи да не ги плаќа играчите кои ќе завршат во карантин по контакт со заразено лице, а кои не се вакцинирани.

Тврдоглавоста на Кимих ќе го чини најмалку 768.000 евра, по што тој најави тужба против клубот.

Слични содржини