Двајца штипјани дале 13.000 евра на измамник, им ветил дека ќе ги излекува

од Andreja Salpe

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ш.М.(42) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”.

Во периодот од август до ноември 2020 година во Штип, пријавениот лажно се претставувал и две лица од Штип довел во заблуда дека лекува болести.

Тие му дале пари, злато и мобилни телефони и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист од 788.200 денари.

Слични содржини