Двајца загинати при пад од кран: МВР со детали за несреќата

од Nikola Popovski

На градилиште во Кавадарци загинаа двајца градежници.

Според полицијата, денеска (05.07.2022) во 09.37 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека во зграда во изградба на бул.„Цветан Димов“ во Кавадарци, извршувајќи работни задачи, при пад од кран од здобиените повреди на местото починале С.С.(51) и М.Н.(31), двајцата од Скопје.

Според пријавеното, со повреди се здобил и Ч.М. од Скопје и бил пренесен во болницата во Кавадарци за укажување лекарска помош.

Слични содржини