Две БОМБИ после полноќ! Гризман се врати во Атлетико, Барса веднаш донесе замена

од Vladimir Zorba

Навивачите на Атлетико Мадрид со нетрпение чекаа клубот да ја претстави најавената бомба пред крајот на преодниот рок, но тоа не се случи. Мислеа дека има застој и дека нема да го гледаат својот миленик во дресот на својот сакан клуб.

Сепак, 22 минути по полноќ по локално време, пристигна потврда дека Гризман се врати!

Тоа е заем со право на откуп следното лето.

Сепак, ниту Барселона не остана со празни раце, бидејќи успеа да се договори за замена за Французинот во исто време.

Тоа е центарфор на Севиља, Лук Де Јонг, кој пристигна на позајмица на „Камп Ноу“, со опција да го откупи договорот на крајот на сезоната, исто како и Гризман во Атлетико.

Барселона го потврди тоа дури и подоцна, отколку „јорганџиите“ на Гризман. Точно два часа и 34 минути по полноќ во Шпанија.

Слични содржини