Две нови аудиоснимки со гласот на Ден Дончев

од Vladimir Zorba

Две нови аудиоснимки се појавија вечерва на Јутјуб каналот „Дон КорлеДонев“, под наслов „Силно светнал ден 1 и 2“.

Наводно на нив е гласот на екс директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев, но од содржината не може да се утврди контекстот за што се работи.

„Ја седнав, го замолив Зоки, Зоки ми даде пас им пуштаме полиција све, и после Медарски тоа оноа, знаеш сака да најдат решение. Милионски суми имаат префрлувано по трансфер прајсинг од тука ги префрлале во Швајцарија. Во последните 3, 4, 5 години имаат најверојатно, минимум 10 15 милиони неправилно извлечено со цел да избегнат данок во Македониј“, се слуша на едната снимка.

„Јас побарав од Зоки да пуштиме инспекција веќе ми пукна филм ме мафтаа отидоа снимаа и има кривичен наод против овој и тогаш они го ангажира Медарски да ургира кај Заев и сега Медарски од една страна јас од друга страна. Имаат испумпано милиониски суми од тука ја имаат направено фирмата загубар, а 10 милиони евра пумпаат на име авторски права“, се слуша на другата.

Слични содржини