Две жени настрадаа во напади на ајкула во египетско одморалиште на Црвеното Море јужно од Хургада, соопшти вчера египетското Министерство за екологија.

Двата напада се случиле во близина на брегот на одморалиштето Сахл Хашиш, недалеку од Хургада, на оддалеченост од 600 метри.

Телото на жена од Романија беше пронајдено неколку часа откако Австријка настрада во напад на ајкула. Египетското Министерство за екологија наведува дека е формиран комитет кој ќе ги разгледа околностите на нападот и научните причини.

Официјален гувернер на Црвеното Море, генерал-мајор Амр Ханафи нареди прекин на сите активности во областа каде што се случија нападите на ајкулата.

Првата жртва била пренесена во локалната приватна болница каде починала од повредите.

Слични содржини