Еден од најдобрите центри во НБА ќе игра за француската репрезентација

од Vladimir Zorba

Трендот на натурализација на играчи постои со децении. Во европската репрезентативна кошарка доминираа Шпанците, додека Французите со текот на времето добиваа неизмерно квалитет благодарение на темнoкожите играчи кои потекнуваат главно од африканските земји. Неодамна Американецот Лоренцо Браун доби можност да игра за Шпанија, а Французите „одговорија“ со натурализирање на Џоел Ембид.

Долго време се зборуваше за можноста Камерунецот и еден од најдобрите НБА играчи на денешницата да заигра за Франција, но идејата неодамна ја конкретизираше центарот на Филаделфија да добие француско државјанство.

Ембид никогаш не играл ниту живеел во Франција, ниту има роднини во таа земја, единствено е што течно зборува француски, кој е еден од двата официјални јазици во Камерун.

Според „Екип“, Службениот весник на Француската Република на 5 јули објавил дека Ембид со декрет добил пасош еден ден претходно.

Поделени се реакциите на француската кошаркарска јавност. Едноставно, Франција не е дефицитарна на позицијата центар, напротив: Руди Гобер, Мам Жаите, Венсан Поарје, Мустафа Фал, Матијас Лесор… се меѓу најдоминантните „петки“ во европската репрезентативна кошарка.

Слични содржини