Едмонд Адеми до гласачите на Река: Ако не гласате за Стево, ќе го предадете концептот за НАТО и ЕУ и на професорот Река

од desk4

На граѓанската трибина на кандидатот Стево Пендаровски вечерва во Тетово   своја поддршка даде и министерот Едмонд Адеми кој упати порака до оние што гласаа за Река:

“Ако не гласате за Стево, ќе го предадете концептот на професорот Река, а тој е нашата земја да биде членка на ЕУ и  членка на НАТО. Со бојкот или со не излегување на избори ја казнувате државата и ја казнувате иднината на сите деца и граѓани, порача Адеми кој повика да се гласа за Стево Пендаровски.

„ 30 години се бориме за НАТО и ЕУ и нема да дозволиме Силјановска да ја уништи таа борба и да дава аболиции“ порача Заев на вечерашната трибина во Тетово.

Тој додаде дека главна задача на оваа Влада и на идниот претседател на државата Пендаровски ќе биде да се осигура правната држава и владеење на правото и дека тој императив мора да се постигне.

„Правдата и законите мора да важат еднакво за сите“ додаде Заев.

Заев: Силјановска збор не кажа кога се затвораше А1 телевизија, а вели дека се залага за правда!

 

„Знам каде се слабите карики, знам кој гризе да сработи. Едно е јасно, ќе има промени. После најавата за метла некои се препознаа и уште денес се понудија“  рече Заев на вечерашната граѓанска трибина во Тетово на којашто уште еднаш се повикаа граѓаните масовно да излезат и да го дадат својот глас за кандидатот за претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски

 

Слични содржини