Заев: Силјановска збор не кажа кога се затвораше А1 телевизија, а вели дека се залага за правда!

од Vlatko K

Силјановска  нема одговори и решенија за важни прашања за иднината на граѓаните и државата, таа е само поддршка само за националистичките политики на Груевски .

Премиерот на Република Северна Македонија и Претседател на СДСМ, Зоран Заев вечерва во Тетово се обрати на граѓанска трибина и даде поддршка за концептот  за кој рече дека обединува наспроти оној на опозиционата партија и нивната кандидатка којшто е за нови поделби на граѓаните и нови блокади на државата.

„Силјановска ја немаше никаде кога се затвораше А1 телевизија.  Силјановска ја немаше никаде во важните моменти за државата. Нема В од вредности кај неа. Само пуста амбиција како Мицковски, Тој да стане премиер, а таа претседател. Во оваа држава секој може да биде претседател и премиер ако се постави чесно и ако носи одлуки во интерес на граѓаните“ рече премиерот Заев на граѓанската трибина во организација на коалицијата Заедно Напред.
Силјановска нема одговори што ќе прави со Рамковниот договор, договорот од Преспа, договорот од Бугарија и со кревкото единство

Премиерот на Република Северна Македонија и претседател на СДСМ, Зоран Заев од граѓанската трибина на кандидатот за Претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски рече дека кандидатката на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова нема одговори и решенија за важни прашања за иднината на граѓаните и државата.
„Нивните деструктивни политики имаат за цел повторно да ги затворат гранаците и да се обидат да не вратат во мрачното минато, и воопшто не се срамат да избегнуваат одгвоори. Кандидат  да си за месна заедница мора да ги дадеш решенијата. Не може Силјановска да е кандидат за претседател на државата а да не каже што ќе прави со кревкото единство, што ќе прави со Договорот од Преспа, со Рамковниот договор. Силјановска се бори за националистичките политики на ВМРО ДПМНЕ“, додаде Заев.

Слични содржини