Египет ги поедностави правилата за влез на туристи во земјата

од Stefanija Kuzmanovska

Египет ги поедностави правилата за влез на странски туристи воведени поради пандемијата на коронавирусот, соопшти Egypt Air.

Според изменетата процедура, патниците повеќе нема да мора да пополнуваат прашалник на аеродромите на хартија со податоци за документите за ковид.

Наместо тоа, доволно е однапред да се регистрирате на посебна страница и таму да објавите потврда за вакцинација или резултатите од тестот за коронавирусот, пренесува РИА Новости.

На туристите кои заборавиле да се пријават сепак ќе им биде дозволен влез, но сертификатите ќе треба да се покажат по пристигнувањето.

Слични содржини