Експерти откриваат: Колку шолји кафе е премногу?

од Stefanija Kuzmanovska

Истражувачите од Универзитетот во Јужна Австралија сакаа да знаат како кафето влијае на мозокот, поточно, волуменот на мозокот и ризикот од деменција и мозочен удар. Тие ги проучувале ефектите на кафето на речиси 18.000 луѓе на возраст од 37 до 73 години.

Откриле дека вишокот кафе може да има лоши последици за здравјето на мозокот. Оние кои пиеле повеќе од шест шолји кафе дневно имале 53 отсто поголем ризик од деменција, како и помал волумен на мозокот.

– Откривме дека поголемата консумација на кафе е значително поврзана со намален волумен на мозокот. Во основа, пиењето повеќе од шест шолји кафе дневно може да доведе до ризик од мозочни заболувања како што се деменција и мозочен удар – рече др. Кити Фам, коавторка на студијата.

– Едно едноставно нешто што можеме да направиме е да бидеме хидрирани и да не заборавиме да пиеме вода со таа шолја кафе – објасни професорката и коавторка на студијата Елина Хипанен.

Од друга страна, умерениот внес на кофеин всушност е позитивно поврзан со здравјето на мозокот. Според една студија од 2010 година, пиењето три до пет шолји кафе дневно е поврзано со намален ризик од деменција и Алцхајмерова болест за околу 65 отсто подоцна во животот, пишува mbg.

Слични содржини