Експертската влада во Црна Гора ќе трае најмногу една година?

од Nikola Popovski

На денешната средба со лидерите на победничките коалиции во Црна Гора, мандатарот Здравко Кривокапиќ понуди експертскаta влада што ќе ја предводи да трае од 200 дена до најмногу една година, изјавил еден од лидерите на Демократскиот фронт, Андрија Мандиќ.

Мандиќ за РТЦГ соопштил дека денес претставниците на новото мнозинство во парламентот и мандатарот не можат да се состанат поради обврската кон митрополитот Амфилохије, но додал дека решението не е како што замислувале во неговата партија.

Тој додал дека владата наскоро ќе биде конституирана и ќе има 12 министерства, а министрите нема да бидат партиски фигури. Тој исто така рекол дека владата ќе се реформира и дека мандатарот предложил да трае 200 дена или најмногу една година и таа да ги подготви првите фер и слободни избори.

„Тогаш одиме на нови парламентарни избори, бидејќи ќе имаме средина во која секој сигурно ќе може слободно да се изрази“, соопштил Мандиќ.

Слични содржини