ЕКСПЛОЗИВНА студија тврди: „Туризмот е осуден на пропаст, заборавете на разгледниците!“

од Stefanija Kuzmanovska

Малку по Велигден оваа година, во екот на историската суша која трае неколку години, температурите во делови од западниот дел на Медитеранот беа неверојатни 20 степени Целзиусови над нормалните за овој период од годината и рекордни 39 се измерени во Шпанија.

И тоа во април!

Како што напредува глобалното затоплување, во најпосетуваната дестинација за одмор во светот (а пред Ковид, Медитеранот го посетува повеќе од 300 милиони туристи годишно) јули и август би можеле да станат неподносливи, пишува „Гардијан“.

Областа на Средоземното Море се загрева најбрзо. Додека светот сега е околу 1,1 степени Целзиусови потопол отколку што беше во 1970-тите, медитеранскиот регион е 1,5 степени потопол и на пат да биде потопол за 3 степени Целзиусови до крајот на векот (до 5 Целзиусови степени во најлошото сценарио). Зголемувањето на температурите и почестите топлотни бранови не се единствениот проблем. Повеќето климатски модели се согласуваат дека во повеќето делови на светот, потопло ќе значи повлажно – но не и во Медитеранот, каде што се очекува врнежите да се намалат меѓу 10 и дури и до 60 проценти.

И кога врнежите ќе се намалат, експертите предвидуваат дека она малку дожд што паѓа најверојатно ќе дојде во форма на силни бури кои ќе предизвикаат катастрофални поплави, како оние предизвикани од бурата Алекс, која уби 18 луѓе во Франција во 2020 година.

Дополнително, зголемениот ризик од шумски пожари и покачувањето на нивото на морето во Средоземното Море за меѓу 35 см и повеќе од еден метар, според некои прогнози, може да има уште подраматични последици.

Извештајот од 2021 година на францускиот национален научно-истражувачки центар CNRS предупреди дека зголемувањето на нивото на морето ќе доведе до исчезнување на километри плажи, додека големите градови како Марсеј и Ница ќе бидат принудени да ги преселат своите жители и да ја обноват големата инфраструктура, вклучително и аеродромите.

„Дури и денес целосно да ги запреме сите емисии на стакленички гасови, температурите нема да се намалат. Така ќе остане со децении. Започнавме нешто што не можеме да го запреме“, рече Жоел Гиот, член на регионалната група експерти за клима GREC-Sud.

Најверојатно ќе стане многу жешко – предупреди групата. Ќе се променат типичните медитерански сцени какви што ги знаеме од разгледниците. Некои делови можеби не се воопшто достапни, а плажите може да станат прескапи за одржување.

Долга традиција на туризам

Луѓето почнале да летуваат на Медитеранот во викторијанската ера, а туризмот таму значително пораснал по Втората светска војна. Но, тој навистина полета со пакет-аранжманите во 1970-тите и растеше експоненцијално, така што сега сочинува 12 отсто од економијата на целиот регион.

Но, дали туризмот во Медитеранот е неповратно осуден на пропаст? Најверојатно не. Или барем не уште.

Иако глобалното затоплување неизбежно ќе промени некои аспекти на типичен двонеделен престој на плажа некаде во јужна Франција, Шпанија, Италија или Грција, факторите кои го одредуваат туристичкиот тек се премногу сложени за целосно да исчезнат.

Медитеранскиот масовен туризам, потребната инфраструктура за него и навиките на туристите постојат повеќе од пет децении, а сè побројната публика бара едно нешто повеќе од сè друго: многу сонце.

Зголемените летни температури веројатно ќе одвратат некои од патувањето, но секако не сите – особено ако дестинацијата за одмор е сè уште лесно достапна и евтина. Одморалиштата во многу медитерански земји веројатно ќе останат ненадминати во овој поглед.

Досегашните податоци од Франција покажуваат дека неодамнешните топлотни бранови во Европа привлекоа повеќе туристи во повеќе северни одморалишта каде што нема толку многу сонце. Ова е зголемување од пет до десет проценти, но од релативно ниска почетна бројка.

Медитеранот привлекува повеќе од двојно повеќе француски посетители од Бретања и Нормандија заедно, при што бројот на посетители падна за само 0,3 отсто од 2018 до 2019 година. Сите податоци укажуваат на тоа дека Медитеранот не ја губи својата привлечност. Минатото лето бројките се искачија на 83 проценти од нивоата пред ковид, а ова лето бројот на посетители би можел да биде ист како и во 2019 година. Сè позабележителна е тенденцијата сезоната да започнува порано и да завршува подоцна, со се повеќе луѓе избирајќи да одат на одмор во мај, јуни и септември. Се почесто резервираат и во последен момент, имајќи ја предвид временската прогноза.

Од друга страна, одморалиштата се прилагодуваат и инвестираат во создавање повеќе сенка долж брегот, засадување повеќе дрвја и промовирање на „места за разладување, како што се цркви, музеи и пештери. Исто така, климатизацијата сега е задолжителна во хотелите, апартманите, рестораните и продавниците – без оглед на нејзиното влијание врз планетата.

„Она што сè уште најмногу ги одбива повеќето туристи е дождот. Меѓутоа, ако навистина го сакате сонцето, „многу е полесно да се издржат високите температури на отворено, покрај море и со освежителен пијалок, отколку дома“, изјави за „Ле Монд“ Гислаин Дубоа, консултант за климатски промени во туристичката индустрија.

Многумина на терен се уште се оптимисти. Минатогодишните рекордни температури во Шпанија, шумските пожари, смртните случаи, сушите и ограничувањата на водата што следеа, понудија болен увид во летата што претстојат. Во земја чиј туристички модел на „сонце и плажа“ одамна привлекува многу странски посетители, ефектите од климатската криза се очигледни и загрижувачки.

Слично на Франција, во песимистичкиот извештај од 2016 година на Министерството за земјоделство, храна и животна средина се предвидува дека климатските промени може да ги уништат плажите, да ги поплават транспортните системи, да предизвикаат недостиг на вода во шпицот на сезоната и да ги принудат скијачките центри да затворат. Економските прогнози се подеднакво мрачни, особено предвидувањата дека до 2080 година бројот на туристи од северна Европа би можел да се намали за 20 отсто во споредба со 2004 година, бидејќи растечките температури таму ги поттикнуваат луѓето да го поминат својот одмор дома. Но, иако многумина ќе изберат да останат во својата земја, многумина можеби ќе одлучат да го посетат Медитеранот на пролет или на есен.

Слични содржини