ЕКСТРЕМНИ ТЕМПЕРАТУРИ: Следните денови најтопли во годината за цела Европа

од Stefanija Kuzmanovska

Рекордните температури надминуваат и до 12 Целзиусови степени од вообичаеното за август. Се очекува следните денови да бидат најтоплите во годината за цела Европа, особено за југот и југоистокот.

Најинтензивниот топлотен бран во годината ја погоди југоисточна Европа, со највисоки температури од 42 до 45 степени Целзиусови забележани во областа на јужна Италија, Грција до западна Турција во последните неколку дена, пишува Severe Weather.

Јули беше исклучително топло во јужна и југоисточна Европа, а во почетокот на август се очекува да се засили топлотниот бран и ќе имаме нови температурни рекорди во Европа.

Најлошото е во источна Италија, Грција и Турција, како и нивните соседни земји Албанија, Северна Македонија, источна Србија и Бугарија.

Слични содржини