Елизабет Мос и модерната филмска приказна за класичниот моструозен лик

Добитничката на Еми, Елизабет Мос, е во главната улога во затрашувачката модерна приказна инспирирана од класичниот моструозен лик.

Филмот „Невидливиот човек“ холивудскиот печат и претходно го опиша како одличен хорор. Заробена во насилна врска со богат и брилијантен научник кој ја контролира, Сесилија Кеш бега во глуво доба, за да се сокрие. Во тоа и помага сестрата, пријателите од детството и неговата ќерка тинејџерка.

Сесилија добива вест за самоубиство на поранешното момче кој ја злоставувал и сфаќа дека ѝ оставил огромна количина од своето богатство, но почнува да се сомнева дека неговата смрт е измама. Низата од случајности станува смртоносна и заканувачка за луѓето кои ги сака. Сесилија очајнички се обидува да докаже дека ја прогонува некој кој не може да го види.

Слични содржини