Ердоган: Ксенофобијата и исламофобијата ќе станат се пораспространети

од Vladimir Zorba

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, рече дека со зголемувањето на економските тешкотии во периодот по пандемијата на коронавирус, ксенофобијата и исламофобијата ќе станат пораспространети, пренесува Анадолија.

Ердоган го прими претседателот на Меѓународната унија на демократите (УИД), Коксал Куса и делегација во претседателската канцеларија Долмабахче во Истанбул.

Во своето обраќање, турскиот претседател зборуваше за пандемијата, односно за проблемите со кои луѓето ќе се соочат глобално после неа.

Тој рече дека со процесот на нормализација, пустошот предизвикан од пандемијата почнува да излегува на виделина.

– Сликите од бензинските пумпи и пазарите во Велика Британија во последните денови се само еден пример за нарушување предизвикано од пандемијата во синџирите на снабдување. Со текот на времето, многу е веројатно дека слични проблеми ќе се појават и во други земји. Со зголемувањето на економските тешкотии во периодот по пандемијата на коронавирусот, ксенофобијата и исламофобијата ќе станат се пораспространети – рече Ердоган, додавајќи:

„Културниот расизам е универзален проблем кој не погодува не само нас и нашите граѓани, туку и сите странци и имигранти во Европа“.

Слични содржини