Ердоган со закана до Сирија: Ако повредат уште еден наш војник, тргнуваме во напад

од Nikola Popovski

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави  дека неговата земја, во случај на нов напад врз турската војска во Сирија, ќе ги прекине договорите и ќе ги нападне сириските сили каде и да се.

Ердоган зборуваше на редовната парламентарна средба во име на Партијата за правда и развој, осврнувајќи се на тековните настани. Во фокусот на обраќањето на Ердоган беа најновите судири меѓу турските и сириските владини сили во Идлиб.

Ердоган рече дека Турција нема да толерира никаква ароганција или провокација.

„Турција нема да биде тивок набудувач на напади врз цивили во Сирија дури и кога сите други ќе ги затворат очите, ќе им свртат грб и ќе останат без својата совест“, додаде тој.

„Во случај на нов напад врз нашата армија во Идлиб, Турција ги прекинува договорите и ги напаѓа режимските сили насекаде“, рече Ердоган.

Слични содржини