ЕСМ го продолжи рокот за потпишување договори за струја по повластена цена

од Nikola Popovski

АД ЕСМ информира дека рокот за снабдување од 01.12.2022, за промена на снабдувач комплетните документи е продолжен и истите потребно е да се поднесат до 20.11.2022 година.

-ЕСМ ги подготви процедурите, договорите и придружните документите потребни за склучување договори за снабдување на дел од прехранбената индустрија, водостопанствата и јавните училишта. Истите се поставени на официјалната страна на АД ЕСМ од каде засегнатите субјекти ќе можат да ги симнат, пополнат и потпишат и да ги испратат на соодветните меил адреси кои се наведени во упатствата, како и во архивата на АД ЕСМ, велат од таму преку соопштение.

Слични содржини