ЕУ испраќа помош за пожарите во Македонија

од desk4

Европската Унија ќе им помогне Италија, Грција, Албанија и РС Македонија во борбата против катастрофалните пожари што зафатија различни региони во Медитеранот и на Западниот Балкан, соопшти Европскиот парламент на својата официјална интернет-страница.
Франција ќе испрати два противпожарни авиони за погодените области во Италија. Кипар ќе испрати два авиони и група пожарникари во Грција за да учествуваат во гасењето на тамошните пожари. Чешка и Холандија ќе испратат по еден хеликоптер во Албанија за да им помогнат на локалните спасувачки тимови да ги изгаснат пожарите во тешко достапните области. Покрај тоа, 46 словенечки пожарникари ќе учествуваат во операциите за борба со пожарите на територијата на РС Македонија.

„Работиме деноноќно за да помогнеме во време кога пожарите беснеат низ Европа. Им благодарам на Кипар, Чешка, Франција, Словенија и Холандија за брзата мобилизација на противпожарни авиони, хеликоптери и противпожарни тимови за да им помогнат на земјите погодени од силните пожари“, рече еврокомесарот за управување со кризи Јанез Ленарчиќ и нагласи дека ова е одличен пример за солидарноста на ЕУ во тешки времиња.
Од Европскиот парламент велат дека Координативниот центар на Европската Унија за итни случаи е во постојан контакт со органите за цивилна заштита на земјите погодени од пожарите за внимателно да ја следат ситуацијата и да ја канализираат помошта од ЕУ.

 

Слични содржини