ЕУ мобилизира тимови за помош по земјотресот во Албанија

од Maja Serafimova

Три спасувачки тимови од Европската унија веќе ги мобилизира Брисел по земјотресот во Албанија.

Од Канцеларијата на ЕУ во Тирана соопштија дека е мобилизиран Европски механизам за цивилна заштита за помош на Албанија во справување со последиците од силниот земјотрес. Тие нагласуваат дека се достапни и дополнителни средства од ЕУ.

„Тимови од Италија, Грција и Романија веќе се во Албанија, а помош понудија и Унгарија, Германија, Хрватска, Франција, Естонија и Чешка“, се вели во соопштението.

Слични содржини