ЕУ: Населението мора да биде подготвено за излегување од изолација

од Stefanija Kuzmanovska

Европскиот центар за превенција и контрола на болести предупреди денес дека ќе биде неопходно да се управуваат очекувањата на населението при постепено ублажување на мерките воведени поради пандемијата од коронавирусот.


„Ова е маратон, а не спринт. Веројатно сте го слушнале ова порано, но не е погрешно. Очекувањата на луѓето за пандемијата, нејзиното траење, последиците што ќе ги има врз нивните животи во блиска иднина, треба да се управува со сето тоа“, изјави директорот на Центарот, Андреа Амон пред Комитетот за јавно здравје и животна средина на Европскиот парламент, додавајќи дека луѓето мора ментално да се подготват дека ова нема да помине толку брзо.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести, мала агенција на ЕУ со седиште во Шведска, ненадејно се најде во центарот на вниманието по појавата на коронавирусот.

Амон, исто така, рече дека луѓето треба да останат будни и дека треба да се продолжат санитарните правила како што се миење на рацете, носење маски и одржување на социјална оддалеченост.

Според Центарот, повеќе од 1,3 милиони се заразени со вирусот во Европа до 3 мај, а од оваа болест починале повеќе од 140.000 луѓе.

„Првичниот бран на пренесување се чини дека го достигна врвот, со намалување (на бројот на новозаразени) во повеќето земји од ЕУ“, и во земји кои се на пат за пристапување“, рече Амон.

Само во Бугарија има зголемување на бројот на заразени лица, а во четири држави нема значителна промена во Полска, Романија, Шведска и Велика Британија, додаде директорот на Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Слични содржини