ЕУ одвои нови пет милијарди евра за помош на Украина

од Vladimir Zorba

Претставниците на 27 земји-членки на ЕУ денеска во Брисел се договорија за ревизија на Европскиот мировен фонд (ЕПФ), со што се обезбеди пет милијарди евра за воена помош за Украина.

Како што пренесува Ројтерс, претставниците на Германија и Франција предничеле со аргументите за усвојување на ревизијата.

Франција инсистираше на силна политика на „купување европски производи“ за оружје кое исполнува услови за рефундирање, додека Германија бараше да се земе предвид билатералната помош при одредувањето на големината на придонесите на земјите во фондот.

Слични содржини