ЕУ: Ситуацијата на северот на Косово е нестабилна, но има важен напредок кон нормализација на односите

од Nikola Popovski

Портпаролката на еврокомесарот за надворешна политика, Набила Масрали, на денешната прес-конференција во Брисел истакнала дека ситуацијата на северот на Косово се уште е нестабилна, додека последните настани на Косово покажаа колку е важно да се постигне нормализација на односите.

„Го поздравивме смирувањето на тензиите и отстранувањето на барикадите. ЕУ одигра активна улога за да се постигне тоа, во координација со САД и КФОР“, потсетила таа.

Масрали оценила дека „ситуацијата и понатаму е нестабилна“и дека „очекуваме сите страни да се воздржат и да останат смирени, да избегнуваат дејствија што можат да доведат до ескалација или насилство“, при што ЕУЛЕКС ја следи ситуацијата.

„Настаните во последните неколку недели покажаа колку е важно да се направи вистински и неповратен напредок кон нормализација на односите“, вели Масрали, пренесува „Коха.нет“.

Таа додала дека ЕУ очекува спроведување на сите договори постигнати досега во дијалогот, „почнувајќи од враќањето на косовските Срби во институциите и почетокот на разговорите за Заедницата на општините со српско мнозинство“.

„ЕУ ќе продолжи (да работи) на двете страни во овој поглед“, вели Масрали.

Слични содржини