Ева Лонгорија главна вест во Холивуд – на 42 години ѕвездата за прв пат ќе стане мајка

од desk4

Американската актерка Ева Лонгорија, позната по улогата во серијата Очајни домаќинки, очекува дете од сопругот, мексиканскиот медиумски магнат Хозе Пепе Бастон, соопштија светските медиуми. Според ABC News, актерката е во четвртиот месец од бременоста и очекува момче.

Ова бебе е прво за 42-годишната Лонгорија, која од претходни бракови нема деца. Во минатото, таа беше во брак со актерот Тајлер Кристофер и кошаркарот Тони Паркер.

49-годишниот Хозе Пепе Бастон има три деца од поранешната сопруга, мексиканската актерка Наталија Есперон – 22-годишна ќерка Наталија и 14-годишните близнаци Маријана и Хозе. Третиот близнак на поранешната двојка, Себастијан, умира набрзо по раѓањето во 2003 година. Веста дека Ева Лонгорија и Хозе Пепе Бастон очекуваат дете, беше потврдена од нивни претставници. Лонгорија и Бастон официјално стапија во брак во Мексико во 2016 година и тоа по тригодишна врска.

Слични содржини