Еврокомесарот за управување со кризи: „Реална опасност од блекаут во Европа“

од Stefanija Kuzmanovska

Европскиот комесар за хуманитарна помош и управување со кризи, Јанез Ленарчиќ, ја смета за реална опасност од „блекаут“ во ЕУ.

„Можно е да биде потребна помош и во рамките на ЕУ“, рече еврокомесарот на прашањето дали постои реална опасност да има голем прекин на електричната енергија во Европа.

Ако само одреден број земји-членки се погодени од проблемот, како што е прекин на струја, другите земји од ЕУ би можеле да испорачаат генератори за електрична енергија преку Европската комисија, како што се случува во случај на природна катастрофа, објасни комесарот.

Слични содржини