Европската комисија ѝ се закани на Унгарија поради „срамотниот“ ЛГБТ закон

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лејен, се закани дека ќе покрене прекршочна постапка против Унгарија доколку не го повлече законот оценет како дискриминаторски за ЛГБТ заедницата, што ќе стапи на сила во таа земја од утре.

„Доколку Унгарија не ја поправи таквата ситуација, ЕК ќе ги искористи овластувањата што ѝ се дадени како чувар на договорот“, рече Урсула фон дер Лејен во Европскиот парламент.

Претседателката на ЕК повторно го нарече законот „срамен“, со кој се забранува ширење информации за хомосексуалноста на малолетници.

Комисијата може да поведе постапка за кршење на европското право, што може да доведе до интервенција на Судот на правдата на ЕУ и финансиски санкции против Унгарија.

Според дипломатски извори, таквата постапка може да биде покрената најдоцна до средината на јули.

На крајот на јуни, комисијата испрати писмо до унгарските власти во кое изрази „правна загриженост“ во врска со текстот на законот усвоен на 15 јуни.

 

Слични содржини