Европски парламент: Има многу сериозни закани за владеењето на правото во Грција

од Vladimir Zorba

Делегацијата на Комитетот за граѓански слободи на Европскиот парламент (ЕП), која од 6 до 8 март престојуваше во Атина, денеска оцени дека има многу сериозни закани за владеењето на правото во Грција.

Делегацијата на ЕП ја посети Грција за да ги разгледа прашањата за слободата на медиумите и безбедноста на новинарите, миграциската политика, човековите права, употребата на шпионски софтвер, владеењето на правото и борбата против корупцијата и заклучи дека „има многу сериозни закани за владеењето на законите и основните права“.

Европската делегација жали што премиерот, министрите, претставниците на полицијата, обвинителот на Врховниот суд и други функционери или биле недостапни или одбиле да се сретнат.

Слични содржини