Европскиот сојуз за промени не се согласува Џафери да биде технички премиер, велат дека ДУИ ги измами Албанците

од Nikola Popovski
274 прегледи

Европскиот сојуз за промени ја обвини ДУИ дека билa, е и ќе остане неуспешна партија. Од здружената албанска опозиција, составена од три партии, го критикуваат изборот за технички премиер.

-Замислете, од Насер Зибери како премиер со целосни овластувања, завршија кај премиерот Талат Џафери кој самиот ќе има административни овластувања.Европскиот Сојуз за Промени дефинитивно е ПРО за да има премиер Албанец. Но, против албанскиот премиер е и самата ДУИ, која ја загуби можноста да има премиер Албанец пред четири години кога ги измами Албанците да гласаат за Насер Зибери, додека ДУИ гласаше за Зоран Заев, а потоа за Димитар Ковачевски во Собранието за премиер. Зошто? Затоа што ДУИ не е заинтересирана за високи државни функции да работи во интерес на Албанците и државата, туку само да манипулира со јавноста и да краде, и да носи инвеститори за казинa и обложувалници од Србија и Русија, порачуваат од БЕСА, Алтернатива и Демократско движешње.

Оттаму истакнуваат дека со техничкиот премиер, ДУИ двапати ги лаже Албанците, оти како што велат, албанскиот премиер за 20 години ќе остане пропаднат функционер.

-Додавајќи ги и последните скандали дека е во контакт со Никола Груевски за да работи против албанската опозиција. ДУИ предложила кандидат за албански премиер, личност која нема да има никаква надлежност, туку ќе биде марионета во премиерската фотелја, само за да се организираат изборите, стои во соопштението.

Според трите партии, секој Албанец би бил прифатлив за премиер, па макар и технички, но не Талат Џафери.

-Како да очекуваме фер и демократски избори да организира влада предводена од Талат Џафери, кој од позиција на претседател на Собранието го спречува албанскиот опозициски гласач да има свој претставник во ДИК. Со кандидатурата на Талат Џафери, ДУИ дава уште еден доказ дека се подготвува да манипулира со изборите, потенцираат од Европскиот сојуз за промени.

Слични содржини