Фајзер „навестува“ дека ќе се вакцинираме еднаш годишно

од Nikola Popovski

Извршниот директор на компанијата Фајзер Алберт Бурла, изјавил дека на луѓето кои примиле вакцина против коронавирус од тој производител, најверојатно ќе им треба дополнителна доза во рок од 12 месеци по приемот на другата. Бурла исто така истакнал дека е можно луѓето да мора да се вакцинираат со една доза против коронавирус на годишно ниво.

„Исклучително е важно да се намали бројот на луѓе кои можат да бидат подложни на вирусот“, изјавил Бурла за „CNBC“. Неговите коментари биле објавени денес, но биле снимени уште на 1 април.

Тој истакнал дека вакцините ќе бидат важна алатка во борбата против заразните мутирани варијанти на вирусот.

Фајазер и партнерската компанија Бионтек на почетокот на овој месец изјавија дека нивната вакцина е ефикасна против разни видови на вирусот и дека заштитата трае најмалку шест месеци по втората доза.

Резултатите од третата фаза на клинички испитувања на вакцината Фајзер-Бионтек против коронавирус покажаа дека вакцината е 91,3 проценти ефикасна.

Новата стапка на ефикасност од 91,3 проценти е пониска од 95 проценти, кои првично објавени во ноември со 44.000 учесници во истражувањето.

Слични содржини