Феникс е фан на Атиџе, а таа сака да одмори од интервјуа и камери

од Elena Daskalova

На онлајн прес-конференцијата со екипата од „Медена земја“, кинематографот Самир Љума откри дека Жоакин Феникс, но и Тод Филипс, биле воодушевени од филмот „Медена земја“.

„Хоакин Феникс е голем фан на Атиџе, како и Тод Филипс, режисерот на Џокер, но и уште многу други кои беа воодушевени од филмот. Се надевам дека ќе ги објавиме и фотографиите од тие дружби“, порача Љума.

Атиџе, на која целото ова искуство ѝ било убаво и незаборавно, вели дека не би станала актерка, бидејќи повеќе сака да пее. Но, нагласува дека ѝ е доста од интервјуа и камери и дека треба да им се врати на пчелите.

– Си имам јас сега работа со пчелите. Сакам да одморам од интервјуа и од камери. Инаку, убаво си поминав на Оскарите, добро беше таму – рече Атиџе.

Слични содржини