Фердинанд го повика Јунајтед да потроши 230 милиони долари на Санчо и Кејн

од Stefanija Kuzmanovska

Легендата на Манчестер јунајтед Рио Фердинанд го повика својот поранешен клуб да вложи пари за да го привлече крилниот напаѓач на Борусија Дортмунд, Џејден Санчо и напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн.

„Црвените ѓаволи“ веќе долго време се сметаа за фаворити во борбата за Санчо, додека Кејн деновиве јасно стави до знаење дека може да го смени клубот во текот на следниот трансфер прозорец.

Според „Дејли мејл“, привлекувањето на Санчо и Кејн ќе чини вкупно 230 милиони фунти, но Фердинанд е убеден дека ова би било добра инвестиција.

„Хари Кејн отсекогаш бил смирен и резервиран, но овој пат тој даде гласна изјава. Тој секогаш се надеваше дека ќе го исполни својот сон во Тотенхем, но тоа не се случи. Тој е разочаран. Мислите ли дека Хари ќе биде среќен и задоволен постигнувајќи голови и рушејќи рекорди без да освои никакви трофеи до крајот на неговата кариера? Не! Тој ќе биде вознемирен и уништен. Мислам дека тие зборови значат дека Хари ќе си замине. Тој сака да освојува трофеи, а другите клубови ќе го бараат. Знаеме дека Јунајтед ќе претендира за него, бидејќи тој е совршен играч за нив. Јувентус исто така може да го побара. Исто така е можно и реално. Ќе чини најмалку 130 милиони фунти. Што се однесува до Санчо, сакам тој да замине во тим каде ќе игра, напредува и собира трофеи. Тој е поврзуван со Јунајтед, Челси, Париз Сен Жермен, но мислам дека Јунајтед е најдобро место за него, бидејќи не сум непристрасен. Тој е незапирлив и е еден од најдобрите млади играчи во моментот. Тој е фудбалер со огромен потенцијал и може да се земе за 100 милиони фунти. Во неговото лице, добивате играч за следните десет години. Ова се огромни пари, но јас би ризикувал. Маркус Рашфорд, Антони Марсијал, Хари Кејн, Џејден Саннчо – многу централни бекови би биле нервозни пред почетниот судиски сигнал“, напиша Фердинанд на Инстаграм.

Слични содржини