Филипче: Барам трпение, разбирање и почитување на мерките додека да се надмине овој период

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче преку видео порака апелира сите да бидеме трпеливи и да ги почитуваме мерките.

-Моја најголема заложба е вакцинацијата да ја завршиме што побрзо. Имаме добро поставен и ефективен механизам за вакцинирање кој започна да се спроведува. Искрено верувам дека малата достапност на вакцини во светот наскоро ќе биде минато, а потоа, деноноќно ќе работиме за што пократко време да вакцнираме што поголем број на граѓани. Барам трпение, разбирање и почитување на мерките додека да се надмине овој период, порача Филипче.

Слични содржини