Филипче: Борче кој има вродено срцево заболување, бесплатно ќе ги добие сите здравствени услуги

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил соопшти дека  Борче од Охрид кој има вродено срцево заболување ќе ги добие сите здравствени услуги.

-Утрово се сретнав со семејството на 11 годишниот Борче Лазаревски од Охрид, чија сторија беше неодамна објавена. Борче има вродено срцево заболување, а во наредниот период за него ќе се направат сите дијагностички испитувања по што ќе се одлучи на кој начин ќе се одвива понатамошното лекување. Сите здравствени услуги за Борче се бесплатни. Ќе направиме сѐ за да ја подобриме неговата здравствената состојба, вели Филипче.

Слични содржини