Филипче: Двајца пациенти се ставени на новата терапија, апел до граѓаните да не земаат лекови на своја рака

од Nikola Popovski

Министерот Филипче изјави дека претпоставка е да има нови патишта на ширења на вирусот и потенцира дека се шири по капките или нечисти раце.

Според него, во тоа тек се дискусии и се разгледува дали ќе се намалуваат контактите преку викендот.

„Се уште не можеме да објавиме од кои општини во Скопје се заразените, но колегите во електронската база работат на тоа. Ќе објавиме скица на мапата, што се апдејтира секојдневно“, изјави Филипче на новинарско прашање.

Во врска со новата терапија тој кажа дека двајцата пациенти се ставени на неа и упати апел до луѓето да не ги купуваат лековите по аптеките.

„Апел до сите граѓани да не ја земаат самостојно новата терапија. Таа ќе им се дава во болнички услови на дел од пациентите, а за тие што се во домашна изолација ќе се обезбеди превоз до болницата“.

Во однос на бројката на тестови, Филипче кажа дека тестирани се над 100 лица и дека имаат сосема доволен број, во однос на резервите.

 

Слични содржини