Филипче: Ќе има доволно вакцини и сите безбедни, важно е масовно да се вакцинираме

„Преку системот „Ковакс“ ќе обезбедиме 800 000 вакцини, исто толку и преку директен договор со Фајзер, нешто помалку преку системот на солидарност на ЕУ, за да можеме некаде околу 1 200 000 граѓани да вакцинираме, што значи дека 2 400 000 дози ќе ни требаат, и тие ќе ги обезбедиме.“- изјави министерот за здравство, Венко Филипче, во емисијата „Клик плус“ на телевизија 21.

Посочи дека целиот процес со вакцините доцни и дека снабдувањето му оди тешко на целиот свет. „Се најавуваше дека преку системите, особено преку „Ковакс“ дека ќе има доволно количини вакцини и дека навремено ќе стигнат, но не е така. Ќе дојдеме во фаза кога ќе има доволно вакцини за сите, во сите држави. Како вкацината ќе се одрази врз пандемијата зависи од процентот на население кое ќе се вакцинира.

Се повеќе производители се фокусирани на масовно производство, но важно е дека сите вакцини се безбедни, сигурни, штитат од смрт, или од тешка форма на вирусот, тој што ќе ја прими е веќе заштитен, и затоа е важно поголем број граѓани да се вакцинираат, зборуваме за 60 до 70 отсто од населението на секоја држава.“- дополни Филипче.

Слични содржини