Филипче: Мерките се добро димензионирани и дадоа резултат со пад на новодијагностицирани од Ковид 19

Министерот за здравство, Венко Филипче, на својот фејсбук профил, уште еднаш потенцираше дека мерките кои се активни, дадоа резултати и тоа е факт.

Исто така, тој упати и благодарност до граѓаните кои ги почитуваа мерките за време на празниците.

„Мерките беа добро димензионирани и дадоа резултат. Имаме значителен пад на ново дијагностицирани случаи, а болничкиот капацитет е преполовен. Од следната недела почнуваат со редовна работа одделенијата за офталмологија и оториноларингологија. Упатувам благодарност до граѓаните коишто ги почитуваа превентивните мерки за време на новогодишните празници“, истакна министерот Филипче.

Слични содржини