Филипче: Младите лиценцирани лекари се вклучени и помагаат во борбата против Ковид

од Берта Китинска

Со недостиг на здравствен кадар, не с есоочуваме само ние ова е и голем проблем и во регионот, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче при посетата на струмичката болница.

-Проблемот со кадар е присутен на територијата на цела држава, сите болници дури и во Скопје го имаат проблемот во сите клиники. Затоа дојдоа на помош од другите градови интернисти и пулмолози кои дојдоа и помагаат на своите колеги на скопските клиники, изјави Филипче.

На прашањето дали има во план министерството да ги повикаат пензионираните лекари на помош, Филипче вели дека за сега нема потреба од нив.

– Со овој кадар што го имаме успеваме да го ротираме.Сите млади лекари лиценцирани веќе се вклучени и помагаат во некоја област. Ние направивме состанок со приватните лекари 55 лекари приватни интернисти, десетина веќе се пријавени и се ставија во функција. Во таа смисла нема потреба од пензионираните лекари, изјави Филипче.

Слични содржини