Филипче: Најмал интерес за вакцинација има во источниот дел, а најголем во Охрид и Битола

од Nikola Popovski

„Денес очекуваме да ја надминеме бројката од 500.000 вакцинирани со барем доза. Во моментов ревакцинирани се 330.000 граѓани и ние не запираме тука“, изјави денес министерот за здравство, Венко Филипче, одговарајќи на прашања за вакцинацијата.

Тој додаде дека со теренската вакцинација досега се имунизирале 20.000 граѓани.

„Се затвора вакциналниот пункт во салата Борис Трајковски. Освен во салите во Тетово и Струмица, на другите места вакцинацијата ќе продолжи во пунктовите во склоп на клиниките“, додаде министерот.

Филипче исто така нагласи дека во источниот дел од земјава има помал интерес за вакцинација, а најголем е во Охрид и Битола со околу 40 проценти вакцинирано население.

„650 деца под 18 години се вакцинираа од кога почна повикот за вакцинација на таа возрасна група“, информира министерот на прес-конференција.

Слични содржини