Филипче: Од Јапонија го добивме лекот „Фавипиравир“ кој покажува добри резултати за лекување на Ковид-19

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека досега се хоспитализирани 379 пациенти заразени од Ковид 19.

-Има доволен болнички капацитет, но здравствениот капацитет е преморен, правиме ротации за системот да го организирам но не ќе може да издржиме ако мерките не се почитуваат. Денеска преку итна неповратна помош од Јапонија го добивме лекот „Фавипиравир“. Тој се користи за третман на инфлуенцата, но, и натаму не е одобрен да биде лек за Ковид-19, вели Филипче.

Тој додаде дека е разговарано за попуштање на мерките, донесена е одлука да се отвораат казината, да профункционира јавниот превоз во Тетово и до крајот на неделата отворање на теретаните.

За границите ќе биде разговарано во текот на утрешниот дена, посочи министерот.

Слични содржини