Филипче: Отворена е телефонска линија за повик на епидемиолог во вашиот дом доколку чувствувате симптоми на Коронавирусот

од Viktor Jovanov

Доколку има појава на симтпоми, има број до институтот за јавно здравје каде теба да се јави заболениот за веднаш епидемиолог да дојде кај нив во нивниот дом, без да циркулираат низ јавните установи, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Тој додава дека освен двајцата патници кои пристигнале во земјава едниот од Милано Италија, а другиот од Дубаи кај кои тестот за корона вирусот бил негативен, други тестирани нема, ниту пак пријавени со симптоми. Филипче инфорормира дека амбулантите се полни, но со болни од сезонски грип.

-Откако се појавија случаи од заболени во северна Италија ги прошиирвме мерките кои претходно беа изнесени. На сите гранични премини и двата аеродроми во Скопје се скенираат сите патници кои доаѓааат од Кина и од северна Италија. Интервјуирани се од граничните болничари, дали имале контакт со некој заболен. Доколку да доаѓа епидемиолог го носи во излоирана соба и се прегледува патникот, вели Филипче.

Слични содржини