Филипче: Пикот на третиот бран беше на први април, се намалува притисокот врз болниците

од Nikola Popovski

„Имаме пад во бројот на новозаразени. Пикот на третиот бран беше на први април и дека полека ситуацијата се стабилизира. Мерките што ги дадовме претходно дадоа резултати“, истакна министерот за здравство, Венко Филипче.

Според него, ако се случи нов кластер како резултат на собири и непочитување на мерките во верските објекти, тогаш толку ќе биде голем притисокот на здравствените установи, што нема да се знае дали ќе може да се изменаџира целата ситуацијата.

„Р нула факторот на трансмисија на вирусот е намален, тој е под единица, односно веќе се намалува притисокот во болниците“, вели Филипче за емисијата „Само вистина“.

Слични содржини