Филипче: Поликлиника во Сарај која ќе служи на близу 45 илјади жители

од Берта Китинска

Во општина Сарај, во тек е изградба на поликлиника која ќе биде во склоп на Здравствниот дом Скопје, овој проект е дел од големата инвестиција во инфраструктурата која ќе се одвива периодов се со цел да се зголеми квалитетот на здравствената услуга за сите граѓани, како и условите за работа на здравствените работници.

-Изградбата на поликлиниката во Сарај се одвива одлично. Поликлиниката ќе им служи на голем број жители коишто живеат во овој регион, тоа се близу 45.000 граѓани од над 20 населени места.Повеќе здравствени услуги ќе бидат достапни како лекари по општа медицина, специјалисти, рентген дијагностика и лабораторија и тоа е нешто што значајно ќе го олесни пристапот кон здравствена услуга за граѓаните, изјави Филипче.

Слични содржини