Филипче: Првите вакцини пристигнуваат од Кина, месецов е предвиден старт на имунизацијата

За февруари се очекува да започне имунизацијата во С.Македонија, а првите дози вакцини против Ковид 19, министерот Венко Филипче потврди дека ќе пристигнат од Кина.

Во следните неколку дена ќе биде познато и кога ќе пристигнат првите 200.000 дози на вакцини.

Од друга страна пак, се очекува да пристигнат и вакцините преку Ковакс системот, и тие да бидат од компанијата Астра Зенека. Како што информираше министерството за здравство, тие вакцини се очекува да пристигнат следниот месец.

Предвидено е до средината на годинава да бидат диструбуирани помеѓу 100 и 175 илјади дози од британско-шведската компанија.

 

Слични содржини