Филипче: Вирусот во Куманово можно е да циркулирал асимптоматски, со дополнителната рестрикција ќе се спречи ширењето

од Nikola Popovski

Министерот Филипче на новинарско прашање уште еднаш потврди дека имаме сосема доволно тестови.

„ Апсолутно има пари во здравствениот систем, тоа е приоритет. Имаме во план, да ги издвоиме здравствените работници како посебна категорија на заразени и колку вкупно се имаат тестирано“, изјави министерот.

Во врска со позитивните доктори од Куманово, Филипче соопшти дека првиот позитивен медицински работник бил откриен за помалку од 24 часа после починатата пациентка, што носи до заклучок дека можеби вирусот циркулирал веќе претходно.

„Вирусот веќе во голема форма, можно е асимптоматски да циркулирал меѓу населението во Куманово. Од таму е и денешната мерка за полициски час во тој град“, дополни Филипче.

Според него, позитивен е фактот дека има многу малку на позитивни случаи, кои доаѓаат од пунктовите, од луѓето кои се јавуваат и аплицираат на анкетите на матичните лекари.

„Претежно имаме случаи на позитивни кај луѓето, на кои им пристапиле нашите епидемиолози“.

За покачување на платите кај вработените во ИЈЗ, тој изјави дека платите во Институтот за јавно здравје се спремни со колективниот договор, кој ќе биде соодветно пресметан.

„Тоа се средства, кои се обезбедени согласно буџетот на Фондот за ИЈЗ и тие ќе бидат исти како и платите кај останатите медицински работници“.

Слични содржини