Филипче: За десетина дена ќе бидеме една од ретките земји со целосно вакциниран медицински персонал

Во своето гостување во дневникот на Тв Сител, министерот за здравство, Венко Филипче ја потврди динамиката со која ќе се одвива процесот на вакцинација, и најави кога се очекува да пристигнат остатокот од вакцините од Србија, како и кинеските вакцини за кои потврди дека ќе бидат 200.000 дози.

„Ние за десетина дена ќе бидеме една од ретките земји, каде ќе биде вакциниран целосно медицинскиот персонал. Со самата пратка на вакцините пристигнуваат документите, за кои подоцна потребно е да се направи административен записник.  Што се однесува до остатокот од вакцините од Србија, следната недела ќе ги очекуваме да пристигнат во земјава. Во следните денови ќе се вакцинираат по 300-400 лица на дневно ниво. Исто како и јавните здравствени институции, и приватните центри ќе бидат вклучени во имунизацијата.  Фајзеровата вакцина е специфична, но со оваа динамика којашто ја посочив ќе го испочитуваме распоредот. Што се однесува до кинеските вакцини, последните информации говорат дека тие ќе пристигнат во земјава до крајот на месец февруари“, посочи Филипче.

Слични содржини