Филипче: За ризичните групи вакцинацијата е приоритет и високо препорачана

од Vladimir Zorba

За ризичните групи вакцинацијата е приоритет и високо препорачана, сподели министерот за здравство, Венко Филипче.

На денешниот состанок со директорите на здравствените домови од целата држава разговарано е за организирањето и спроведувањето на процесот на вакцинација против ковид-19.

„Вакцинацијата ќе се одвива во вакциналните пунктови во здравствените домови низ државата, болници и други здравствени капацитети. Поставуваме посебен модул на коронавирус вакцина, идентичен како оној кој сега се користи за други вакцини. За нашите колеги во вакциналните пунктови ќе биде стандардна постапка за давање вакцина, но бидејќи е нова вакцина ќе се организира едукативен тренинг“, вели тој.

Слични содржини