Актуелно
Почетна / Бизнис / ФИТР ќе носи правилник за доделување на финансиски средства

ФИТР ќе носи правилник за доделување на финансиски средства

Владата ја одржа редовната 9-та седница на која беа донесени повеќе одлуки, заклучоци и препораки за проекти од својата програма за работа и од интерес на граѓаните, а за кои, како што велат од таму, било неопходно нивно донесување пред распишување на изборите, со цел да се обезбеди континуитет на програмите, на мерките и на другите тековни работи од надлежност на Владата и другите државни и јавни институции.

„На оваа своја седница, меѓу другото, Владата ја усвои Предлог – програмата за изменување на Програмата за изградба и реконструкција на спортски објекти за 2020 година, за да се задржи континуитетот на процесите за изградба на нови и реконструкција на постоечки спортски објекти во повеќе општини како што се Охрид, Куманово, Липково и други“, стои во владиното соопштение.

Од таму посочуваат дека владата ја разгледала и усвоила информацијата и донела Одлука за давање согласност на Правилникот за доделување финансиски средства преку Иновациски ваучери на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).

„Правилникот за доделување финансиските средства преку Иновациските ваучери сe воведува за прв пат во Република Северна Македонија, а негова основна цел е да ја поттикне соработката помеѓу претпријатијата и академските и научно-истражувачките установи во насока на спроведување иновациски активности, со што претпријатијата ќе ја зголемат својата конкурентност. Со ваучерите кои ФИТР ќе им ги додели на компаниите кои имаат намера да започнат нови производи, процеси и услуги со иновативна компонента, ќе се надоместуваат трошоците за услуги на академските и научно-истражувачките институции кои за нив ќе изготвуваат истражувања и анализи што ќе го помогнат успешното реализирање на новите процеси“, соопштуваат од владата.

loading...