Фјури го совлада Дионтеј Вајлдер со технички нокаут (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Во боксерски меч за светската титула во ВБЦ верзијата ноќеска во Лас Вегас, Тајсон Фјури го совлада Дионтеј Вајлдер со технички нокаут во седмата рунда.

Британецот најпрво во четвртата рунда го нокаутираше американскиот боксер.

Во петтата Вајлдер беше на подот на рингот уште еднаш, за во седмата рунда Фјури да му зададе серија удари по што судијата го прекина мечот.

За 31-годишниот Фјури ова беше 30. Победа на 31 меч, има и едно реми, додека 34-годишниот Вајлдер во текот на кариерата оствари 42 победи во 44 борби.

Слични содржини