Флорентино: Мбапе сега не постои

од Vladimir Zorba

Претседателот на Реал, Флорентино Перез, по освојувањето на 14-тата титула европски првак, успеа накратко да проговори и за Килијан Мбапе, кој очигледно нема да го засили мадридскиот клуб.

Иако во „лошата“ сезона во која воопшто не беше поврзуван како фаворит, Реал стана европски првак.

Килијан Мбапе не сакаше да премине во тој клуб. Тој реши да остане во Пари Сен Жермен и да биде најважната личност на тој клуб. Неговата одлука се уште не е објавена, но речиси сите известија дека тој ќе има огромна плата во Париз, како и моќ да одлучува за важни работи во парискиот клуб.

Сепак, извесен период ќе го чека трофејот од Лигата на шампионите, кој повторно го подигна капитенот на Реал.

„Секоја година се трудиме да донесеме некого. Сепак, овој пат е тешко да се продолжи. Денес Мбапе не постои. Има Реал. Ова е забава на Реал и неговите играчи кои се европски шампиони“, изјави претседателот на Реал, Флорентино Перез.

Инаку, за време на финалето на Лигата на шампионите во Париз, навивачите на Реал го навредуваа Мбапе, а најинтересен беше дресот на ПСЖ на кој пишува Мбапе и бројот „нула“.

Слични содржини