Фон дер Лејен: Дојдов да им кажам на земјите од Западен Балкан дека ги сакаме во ЕУ

од Берта Китинска

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, во средата во Подгорица рече дека дошла во Црна Гора за да ги охрабри и пофали нејзините достигнувања, повикувајќи ги политичарите во земјата да воспостават дијалог за Црна Гора да биде на чело на европската интеграција на Западен Балкан.

Коментирајќи го написот на Ројтерс кој објави дека ЕУ не може да гарантира членство за шесте балкански држави и одговарајќи на прашањето дали тоа значи дека Брисел се откажал од проширувањето на ЕУ, фон дер Лајен одговори дека нејзината посета на регионот е извршена исклучиво за европските перспектива и за да ги поттикне земјите од Западен Балкан.

-Мојата посета е исклучиво за европска перспектива, за да ве охрабрам. Доказот дека го сфаќаме ова сериозно е ревидирана методологија и голем инвестициски план. Нашата порака е јасна, ве сакаме во ЕУ – рече таа во Подгорица.

Слични содржини